Павле Трајанов за софиски „Дневник“: Уставот не може да се менува без реципроцитет од бугарска страна

Од:

Македонија ќе прифати измени на сопствениот Устав за вметнување на Бугарите во него, само доколку се додаде и македонското малцинство во бугарскиот Устав, изјави претседателот на Демократскиот сојуз (ДС), Павле Трајанов за софискиот весник „Дневник“.

Како што соопшти ДС, во текстот под наслов „Новиот пристап на Софија кон Скопје е патека во „вистинска насока“, но со опасни свиоци“, Трајанов одговара на прашањето „како ќе гласа во Парламентот доколку се постави барањето за вметнување на Бугарите во Уставот“, при што тој е дециден дека тоа е можно само со реципроцитет.

Без оглед на фактот дека бугарскиот Устав не предвидува можност за признавање на малцинства, лидерот на ДС смета дека ова прашање може да се реши само со рамноправен пристап на двете страни.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски