Павле Трајанов предлага да се формира Агенција за борба против тежок криминал и висока корупција

Од:

На денешната расправа за Националната стратегија за борба против корупцијата, Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, меѓу другото нагласи: Во Македонија високиот степен на криминализација и партизација ја “јадат” државата, во услови кога не постои заокружен и ефикасен систем за борба против организираниот криминал.

Трајанов предложи да се донесе Закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, со кој ќе се предвиди формирање на Агенција за борба против организираниот криминал, која ќе постапува по барањата на ДКСК, ќе ги координира активностите на седум институции задолжени за откривање и спречување на организиран криминал, оперативно ќе ги следи јавните набавки над 500.000 евра, ќе работи на детектирање на скриениот имот на носители на високи функции стекнат на криминален начин и сл.

Трајанов, кој ја поддржа Стратегијата за борба против корупцијата и работата на ДКСК, предложи и да нема застареност за кривични дела од тешките облици на криминал извршени од функционери, додека за иницијативата за донесување на закон за преиспитување на имотот, укажа да не ја доживее судбината на таков закон донесен пред многу години, потсетувајќи на синтагмата “Ако имаш куќа, врати го станот”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Павле Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за Хашките случаи

Трајанов: Постапката за хашките предмети да продолжи

Орце Костов

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

Напредок од два индексни поени и девет позиции на Индексот на перцепција на корупција за 2023