Павле Трајанов не гласаше „за“ Францускиот предлог

Од:

На денешната седница на македонскиот Парламент, на која се расправаше за Францускиот предлог (Преговарачка рамка), Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и пратеник, не гласаше за заклучоците предложени од СДСМ и ДУИ.

„Од говорницата порача да се гласа за заклучоците што тој ги предложи, со кои се задолжува Владата да се заложи во Преговарачката рамка да се вгради став за македондкиот јазик, да се изостават билатералните прашања и историските теми, како и Протоколот.

Потоа да има една меѓувладина конференција за почнување на преговорите со ЕУ , а вградувањето на Бугарите во Уставот да биде на реципрочна основа, односно Бугарија да ги признае правата на Македонците кои живеат во Бугарија“, се вели во соопштението на ДС.

Демократскиот сојуз цврсто стои на определбата Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, но согласно европските принципи и стандарди и Копенхагенски критериуми,кои целосно ги исполнува.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски