Павле Трајанов достави иницијатива за Анкетна комисија за случајот Кежаровски

Од:

Павле Трајанов до Собранието на Република Македонија, достави Иницијатива за формирање на Анкетна Комисија во врска со случајот Томислав Кежаровски.

Во продолжение целата иницијатива интегрално:

Врз основа на член 117 став 1 и член 118 став 2и 3 од Деловникот на Собранието на Република Македонија поднесувам

И Н И Ц И Ј А Т И В А

За формирање на Анкетна комисија за случајот Томислав Кежаровски, новинар, од аспект на кршење на неговите основни права и слободи.

Предлагам Анкетната Комисија да биде составена од 5 члена согласно Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, која ќе има обврска да ги собере сите релевантни информации и податоци за судскиот процес против новинарот Томислав Кежаровски и до Собранието да поднесе Извештај.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Од мај 2013 година против Томислав Кежаровски се води кривична постапка под сомнение дека објавил податоци за идентитетот на заштитен сведок.

Постапувајќи по обвинението Кривичниот суд во Скопје, Томислав Кежаровски го осуди на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци.

Постапувајќи по жалба Апелациониот суд му одреди казна затвор во траење од 2 години.

Новинарот Томислав Кежаровски од 28 мај 2013 година до 7 ноември 2013 беше во притвор во Истражниот затвор во Шуто оризари, а од 7 ноември 2013 година се наоѓа во куќен притвор.

Против Томислав Кежаровски се води постапка поради тоа што наводно објавил податоци за заштитен сведок во случајот „Ликвидација“ односно убиство во с.Ореше, Велес. Податоците за идентитетот на заштитениот сведок ги објавил во публикацијата „Репортер 92“.

Во повеќе медиуми беше објавено (имаше и изјава на заштитениот сведок) дека „заштитениот сведок“ во суштина бил „присилен“ пред Судот да даде лажна изјава што е спротивно на Законот за кривична постапка и Законот за заштита на сведоци. Според македонското законодавство, давањето на лажен исказ е кривично дело, а кривично дело е и доколку некој се наведува лажно да сведочи.

Во Записникот Ки. Бр. 288/08 од 05.11. 2008 година, заштитениот сведок „Бреза“се откажал од таквото својство, истапувајќи јавно со неговиот идентитет (Златко Арсовски), давајќи дијаметрално спротивен исказ, целосно негирајќи го претходниот како присилно изнуден од припадници на МВР.

Инаку, не може да се води кривична постапка, односно да се заснова судска одлука на доказ кој е обезбеден со кршење на Закон. Во член 12 став 2 од Законот за кривична постапка, јасно стои дека доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот, законот и ратификуваните меѓународни договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука.

Од тие причини сметам дека има потреба да се формира Анкетна комисија, која ќе го разгледа целиот случај и ќе ги обезбеди сите релевантни информации за да се утврди дали на Томислав Кежаровски му се кршат основните права и слободи.

Комисијата во никој случај неможе да превзема истражни дејствија, ниту пак да ја супституира работата и надлежностите на Судот.

Комисијата треба да подготви Извештај и да го достави до Собранието на Република Македонија.

Парламентот има пракса да расправа за вакви случаи. Така, на 13 јули 2009 година Постојната анкетна комисија при Собранието на Република Македонија отвори расправа за случајот „Сопот“, при што формира и работна група за овој случај.

Во прилог доставувам (9) дел од објавените текстови во врска со Томислав Кежаровски и Изјава од сведокот „Бреза“.

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ