Пауновски: Молиме Бога инспекторите да се живи и здрави, нови вработувања следната година

Од:

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека следната година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на инспекторатот, Стојко Пауновски, вели дека дотогаш ќе се снаоѓаат како умеат.

„Молиме Бога инспекторите да бидат живи и здрави и да ги завршат работните задачи. Се што ни е дадено како задача максимално се трудиме да го испочитуваме. Нема место каде што требало да се направи контрола, а не сме ја направиле. Дваесет нови вработувања ќе имаме следната година и претежно ќе бидат инспектори“, рече директорот Пауновски.

Тој, пред две недели, се пожали дека Владата им го одбила планот за нови вработувања и им порачала да преземат вработени во администрација од другите институции, но неговиот став е дека за пазарен инспектор потребно е искуство и обука и преземањето не е решение на недостигот инспектори.

Директорот Пауновски вели дека бројот на кривични пријави за непочитување на мерките за заштита од коронавирусот почнал да опаѓа, а на терен забележале дека и граѓаните и економските оператори повеќе ги почитуваат мерките споредено со периодот досега.

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 19 д 25 октомври направил 2523 контроли и 613 вонредни надзори за непочитување на мерките и прекршување на Законите. Поднесени се 19 прекршочни пријави и 8 кривични пријави.

„Од кривичните пријави, три се за организираните свадби и веселби во Тетово, Боговиње и Гостивар. Останатите пет кривични пријави, од кои четири се за угостителски објекти во Гостивар, еден во Скопје, се поради непочитување на протоколите за работа на угостителски објекти особено во делот на бројот на поставени маси, растојанието меѓу масите и носење маски од вработените“, соопшти Магдалена Филиповска – Грашкоска, претседателка на Инспекцискиот совет.

Дополнително инспекторите, во истиот период, донеле 66 решенија и 29 прекршочни платни налози за прекршување на Законите за забрането пушење, угостителска дејност и заштита на потрошувачи.

Би можело да ве интересира

Заврши мерката „гарантирана цена“, најавени засилени инспекции против нечесни трговски практики

Горан Наумовски

Пазарен инспектор од Струмица земал мито, во притвор е

Катерина Ѓуровски

ДПИ за една недела извршил над 600 надзори и издал 110 прекршочни налози

Ана Ололовска

Над 250 платни налози изречени при контролите на Пазарниот инспекторат во првата половина на мај

Ана Ололовска

ДПИ: При вчерашните контроли на „Кванташки“ изречени парични казни од над 580.000 денари и 30-дневни забрани за вршење дејност

Ана Ололовска

На Кванташки вчера биле одземени над 15 тони овошје и зеленчук, пријави и казни за прекршителите

Ана Ололовска