Патнички воз удри во автомобил кај кочанското село Горни Подлог, возачот успеал да се спаси

Од:

Патнички воз на релација Скопје – Кочани вечерва околу 19 часот удрил во автомобил на железничкиот премин кај кочанското село Горни Подлог. Според првичните информации, освен материјална штета на возилото, нема повредени.

Станува збор за необезбеден премин преку пругата, каде освен еден сообраќаен знак, нема светлосно-звучен сигнал, ниту рампа.

Полициски екипи вршат увид на местото на настанот, а сообраќајот на патниот правец кон селото Горни Подлог два часа беше во прекин.

Ова е втора незгода за краток период на истиот железнички премин, откако пред неколку месеци воз удри во автомобил. Пред пет дена, патничкиот воз за Кочани излета од шините кај Овче Поле, но за среќа немаше повредени.

Би можело да ве интересира

Полициска акција во Германија, патник во воз носи експлозив

А1он

Посебен сообраќаен режим на неколку улици во Центар, Аеродром и Ѓорче Петров за Водици

А1он

Оценка 2.91 за патувањето со воз, пругите „чекаат“ приватни оператори и ремонти

А1он

По 10 дена прекин, повторно сообраќа единствениот воз Скопје-Битола

Возот утринава пристигна навреме во Велес по вчерашното седумчасовно доцнење

Од среда возови од Скопје кон Битола и обратно ќе сообраќаат еднаш дневно