Патиштата чисти засега

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани и ограничувања по наместа влажни коловози.

АМСМ и ЈП „Македонија пат“ препорачуваат поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.

Слаб снег провејува на Деве Баир-Попова Шапка-Маврово-Стража и во Крушево, но не се задржува на коловоз во моментов. Поради ниските температури на повисоките места има можност за појава на голомразица.

По клисурите и усеците можна е појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Удово-Демир Капија и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен, редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ ги потсетува сите возачи дека на сила е законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска трае до 15 март 2013.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата