Пастрмката забранета за лов, рестораните ја имаат на мени

Од:

Еден килограм Охридска пастрмка за 2200 денари. Табли со ваква понуда деновиве можат да се забележат низ Охрид. Некои од охридските ресторани ја нудат охридската пастрмка но во период кога има строга забрана за нејзин лов но и за продажба уште од 2004 година. Камерата на А1 забележа една од поставените табли која овде се наоѓа веќе неколку дена. Дејан Пановски од Билатералниот комитет за заштита на Охридско езеро вели за да се спречи ваквата појава потребни се нови мерки за управување со езерото.

„Тоа покажува дека забраната како единствена мерка не ги дава очекуваните резултати и сите кои инсистираат на строга забрана од таков карактер се покажува дека имаат недоволно аргументи околу тоа. Забраната е се уште во тек. Се што ќе се појави на пазарот од тој вид на риба пастрмка а, знаејки дека има забрана за излов, треба да се провери од страна на надлежните институции и да се превземат мерки од сите оние кои се надлежни“, изјави Дејан Пановски.

Радован Димитриевски од Спортско риболовниот клуб во Охрид вели оти сега на потег се инспекциските служби кои треба да проверат од каде потекнуваа таа пастрмка.

„Точно е дека се шверцува пастрмка од Албанија, точно е дека се продава пастрмка и од рибокрадците. Апелирам до државната инспекција да го провери потеклото на рибата, затоа што се случува само од 3-4 рибници во Македонија да се покриваат 50 тони Охридска пастрмка. Тоа нешто што не е легално. Ние само успеавме да го легализираме шверцот. Цвета организираниот криминал“, вели Радован Димитриевски.

Јован Бојчевски, инспектор по рибарство за А1 телефонски кажа дека постојат пет шест рибници кој имаат соодветни дозволи за одгледување на охридска пастрмка. Државниот земјоделски инспекторат врши редовни контроли и на рибниците и на угостителските објекти. Доколку се констатираат одредени неправилности се поднесуваат соодветни пријави. Секоја роба што се пушта во промет мора да е пропратена со соодветен документ за потекло рече Бојчевски. Тој кажа дека до сега по рестораните била пронајдена риба која е директно од езеро, и дека угостителските објекти не се надлежни на таблите да истакнуваат дали рибата која што ја продаваат е од езеро или од рибник.

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on