Техничкиот премер, Оливер Спасовски утрово на средба со лидерите на политичките партии договорил мораториум за сите партиски активности поврзани со изборите до 22 март. Претседателите на сите политички партии биле согласни да ги одложат активностите, а за можно одложување на изборите ќе се разговара дополнително.
„Јас утрово искомуницирав со лидерите на сите претседатели и ме информираа дека ставаат мораториум за сите активност на политичките партии до 22 пред почетокот на кампањата. Тоа е доброо, за сите нас, здравјето е најбитно. Присутни беа сите политички лидери Заев, Мицкоски, Ахмети, Села, Гаши“, рече премиерот Спасовски.
Премиерот ги замолил лидерите на политичките партии за можноста за одлагање на изборите да разговатаат дополнително, на лидерска средба.