Партиски предизборен состанок на ДУИ во Мала Речица

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска во партиското седиште во Мала Речица одржа состанок со претставниците на централниот и останите изборни штабови, како и со претседателите на ограноците од ДУИ низ државата во пресрет на почетокот од активностите предвидени за кампањата за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.

Според шефот на централниот изборен штаб Беким Незири, ДУИ уште еднаш покажува дека е една од најорганизираните политички субјекти и е целосно подготвена за тој предизвик. Како што рече, 15.000 активисти се целосно подготвени да ги следат насоките и препораките од Централниот изборен штаб и лидерот Ахмети.

– Демократско право е да се почитува гласот на граѓаните во Македонија и остануваме на тој курс дека секогаш гласот на народот е тој што треба да се претстави во Собранието или во кои било структури во Република Македонија, изјави Незири.

За ДУИ, еден од главните приоритети на претстојните парламентарни избори ќе бидат и изборите во дијаспората. – Цениме и мислиме дека нашата дијаспора во континиуитет допринела за доброто на Република Македонија и ќе работиме максимално за да има еден нивен претставник, еден нивен пратеник во нашето Собрание за преку него да може да ги кажат нивните потреби како граѓани на Република Македонија во дијаспората, рече Незири
ДУИ на изборите ќе настапи самостојно.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Го предизвикуваме Меџити да се откаже од функциите и да излезе на избори без привилегии на власта

ДУИ: Македонија не е, и никогаш нема да стане „третата српска република“

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

ДУИ: Единствениот Албанец од вкупно 12 во Комисијата за наградата „8 Септември“ се предлага самиот себеси за добитник

Влен: ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги „изгоре“ во Изборна единица 1

Влен: ДУИ и Јетон Шаќири го уништија образованието