Партиски активисти на списоци бележат кој гласал

Од:

Продолжува праксата како и во текот на минатите изборни циклуси, активисти на една од најголемите политички партии на партиски списоци ги бележат граѓаните кои излегле да гласаат.

Во општина Чашка бележењето на партиски списоци се прави од куќа на еден од членовите, но и од возило паркирано пред портата, непосредно до гласачкото место.

Ваквата активност на активистите од партијата е казниво според закон и претставува кршење на Изборниот законик, а досега, во општина Чашка, каде што е забележано, не е санкционирано од полицијата.

Од МВР информираа дека до 9 часот не е забележано прекршување на јавниот ред и мир на гласачките места. Според нив, изборите се одвиваат мирно и во најдобар ред.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он