Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Од:

„Како водечка партија на Турците во Република Северна Македонија, пред извесно време излеговме со повик до другите турски партии и ја застапувавме идејата за заеднички кандидат на претстојните претседателски избори. Иако целта ни беше соединување на Турците во Република Северна Македонија, сепак се виде дека условите се` уште не се созреани за реализација на оваа мисла.

Концептот на „едно општество за сите“ е витална компонента на нашето поднебје и со цел за зацврстување на овој дух органите на Партијата за Движење на Турците (ТХП) го прифаќаат ставот на коалицијата предводена од СДСМ за заеднички претседателски кандидат.

Заедничкиот претседателски кандидат треба да биде личност која ќе биде прифатен од широки маси и ќе ги обедини сите слоеви на нашето општество. Времето на поларизации и поделби е веќе минато и веруваме дека со кандидат кој ќе ги етаблира вредностите на соживот успехот ќе биде неминовен“, соопштуваат од Партијата за Движење на Турците (ТХП).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија