Партиите не откриваат кој ја предложил Јанева, од договорот задоволни и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Во план е денеска во Собрание да се изгласа законот кој го регулира функционирањето на специјалното јавно обвинителство што ќе ги истражува предметите поврзани со масовното прислушување. До вечер по итна постапка законот ќе ги помине филтрите на Собранието, комисиите и пленарната седница на која пратениците ќе му дадат зелено светло.

Партиите не откриваат чиј е предлогот Катица Јанева да ја извршува функцијата на специјалниот јавен обвинител. На ова прашање одбиваат да одговорат и не го коментираат. Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов вели дека предлогот е усогласен, додека Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ одби да даде коментар. Како и да е и двете партии тврдат дека се задоволни од договореното.

-Сите страни веруваат дека Јанева е добар избор – вели Димовски.

Според Шилегов формирањето на специјалното јавно обвинителство ќе даде можност за реинституализација на институциите.

-Баравме обвинител, а добивме обвинителство. За нас е важно што обвинителот ќе биде независен и сам ќе ги утврдува своите потреби. Ваквиот закон дава можност за реинституализација на институциите и е добар почеток. Претставува можност професионалците во институциите конечно да си ги обавуваат своите работи и претставува дестимул на партиските послушници – вели Шилегов.

Тој очекува дека владејачката партија ќе се обидуваат да влијаат врз работата на овој јавен обвинител.

-Притисокот кој до сега се вршеше врз партиите, сега ќе биде префрлен врз специјалниот јавен обвинител. Работите ќе бидат под засилен домашен и меѓународен притисок, но и под надзор на јавноста. Нема секој да се дрзне да го спречи нејзиното право да работи според законот, но во секој случај очекуваме опструкции.Тоа што договорот од Пржино се имплементира не значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се помири со тоа – додава портпаролот на социјалдемократите.

Парламентот ќе го гласа предлог на законот откако прво текстот ќе ги помине комисиите за политички систем и законодавно-правната комисија. Потоа комисијата за мандатно имунитетни прашања ќе одлучува за кандидатурата на Катица Јанева како специјален јавен обвинител, за што денеска ќе се произнесат и пратениците на пленарна седница.

Откако Собранието ќе ја предложи Катица Јанева, Советот за јавни обвинители вечерва ќе треба да ја избере. Јанева до Советот ќе треба дополнително да ги предложи имињата на замениците јавни обвинители. Постапката се очекува да заврши за десет дена по што ќе стапи во функција канцеларијата на обвинителот.

Работните групи синоќа до 05.00 часот преговарале за текстот на законот, а до 08.00 часот за името на јавниот обвинител. Димовски вели дека било потребно време законот да се усогласи со Уставот, додека опозицијата тврди дека законот во истата форма бил предложен пред неколку дена и дека до последен момент се чекало да биде усвоен од партиите.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

Орце Костов

Обвинителство: Институциите да се воздржат од споделување информации, убиецот на докторот од Железара не е откриен

Орце Костов

Притворените за убиството на лекарот ќе бидат пуштени – нема докази дека се извршители на делото

Анита Петровска Рајковиќ

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски