Парталов: Пишев да покаже документ дека поранешната касарна е дадена на општина Струмица

Од:

Секретарот на општина Струмица, Кирил Парталов, денеска на прес-конференција ги отфрли наводите на Васил Пишев од ВМРО – ДПМНЕ околу владението врз просторот на поранешната касарна и го повика Пишев да покаже документ од Министерството за одбрана.

– Го повикувам Васил Пишев, пред целата јавност да покаже документ со кој касарната е предадена на Општина Струмица, онаков документ од Министерството за одбрана кој го имаат другите девет општини во Република Македонија. Касарната и земјиштето не се предадени на Општина Струмица, рече Парталов.

Земјиштето, додаде, е во државна сопственост и за дел од него е донесен Детален урбанистички план врз основа на Планска програма по налог од Министерството за транспорт и врски. Со тој план тоа земјиште е наменето за продажба комерцијално и комерцијални станбено- деловни објекти, наведе Парталов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите