Парнарџиева-Змејкова на одбележувањето на Светскиот ден на артиритисот

Од:

Директорката на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Маја Парнарџиева-Змејкова денеска присуствуваше на одбележувaњето на Светскиот ден на артиритисот што го организира здружението на пациенти НОРА.

– Светскиот ден на артритисот е еден од најзначајните за пациентите со ревматолошки заболувања и се одбележува ширум светот. Како здравствени власти ги цениме укажувањата на нашите партнери, здруженијата на пациенти и овозможивме терапија преку условните буџети, кои се таргетирани токму за пациентите со овие заболувања. Работиме во континуитет на информираноста на граѓаните за живеењето со хроничните ревматолошки заболувања, истакна Парнарџиева-Змејкова во обраќањето.

Потребно е, додаде, гласно и несебично да им се даде поддршка на лицата кои страдаат од овие заболувања.

Светскиот ден на артритисот годинава се одбележува под мотото „Мојата порака до артритисот“.

Би можело да ве интересира

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Во ФЗОМ средба за зголемување на платите во јавното здравство

А1он

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!