Парламентот на Холандија даде зелено светло за преговори со Македонија

Од:

Холандскиот Парламент даде зелено светло Македонија да почне преговори со Европската унија. Со одлуката на парламентот, Европскиот совет се очекува да гласа „за“ отворање преговори за членство со Македонија за време на состанокот закажан за 28 и 29 јуни, објавуваат холандски медиуми.

Дел од нив го цитираат Питер Омтцигт кој е член на парламентарна група која ја посетила Албанија во мај со цел одблизу да се запознае со ситуацијата во таа држава.

Во врска со Македонија тој вели дека ситуацијата за отворање преговори за членство е многу сложена поради референдумот што се очекува за изјаснување за новото име на државата.

Холандскиот Парламент блокираше отворање пристапни преговори на Албанија со Европската унија.

Потегот е преземен пред самитот на Унијата во следната недела кога Тирана очекува да добие одобрување за почеток на преговори за членство.

Повеќе од половината пратеници, 76 од 150 вклучително и пратеници кои поддржуваат владата на премиерот Марк Руте блокираа почеток на преговоири на Албанија со ЕУ. Тие наведуваат дека постои „сериозна загриженост околу борбата против корупцијата“. Советот на ЕУ за општи работи в понедленик и во вторник ќе разгледува почеток на пристапни преговори на Албанија и на Македонија. В четврток и петок е состанок на шефови на држави и влади на членките на Унијата.

Би можело да ве интересира

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он