Парламентарното мнозинство поднесе Закон за урбано зеленило

Од:

Пратеничките и пратениците од парламентарното мнозинство Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Петар Шилегов, Стефан Богоев, Диме Велковски, Благоја Бочварски и Ејуп Алими, денес поднесоа Предлог на закон за урбано зеленило до Собранието на Република Македонија.

Со овој закон ќе се воведе целосен систем за планирање, проектирање, подигање, одржување, заштита, реконструкција, финансирање и управување со зеленилото. Во законот стои обврска за изработка на зелен катастар на сите урбани површини, односно попис на целото зеленило по број, вид и состојба. Внесен е стандардот од 25 м2 по жител зелена површина на ниво на град, како и задолжителен процент зеленило на градежна парцела од најмалку 20%. Во веќе изградените блокови ќе се прави компензација со поставување дрвореди и зеленило во жардињери, на покриви и фасади. Предвидена е строга заштита на постојното зеленило, особено на капиталните примероци, независно од видот на сопственоста.

Предлогот на законот за урбано зеленило, ДОМ досега го поднесуваше трипати во Собранието, но, наместо закон за реална заштита на зеленилото, претходното парлемантарно мнозинство донесе т.н. „Закон за зеленило“, кој е само декларативен и без нормативи и мерки за заштита на зелените површини.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година