Паркот во Капиштец синоќа беше преполн . Деца, родители, баби и додовци и по некоја тетка.
Сите уживаа во прекрасната претстава „Царот Тонте Конте“ Со насмевки на лицата, се впиваше секој збор од артистите.
Општина Центар и театар „Крик“ и наредната недела ќе ги израдуваат најмалите центарци. Во исто време и на иста локација, во 20 часот во паркот „Капиштец“ ќе биде прикажана претставата „Принцезата и верверичката Верка“.
Општина Центар ве кани да дојдете и на 27 јули во паркот Капиштец заедно да ги освежиме летните ноќи со детско дружење и смеа.