„Паркољупците“ се обединуваат

Од:

Жителите на Тафталиџе повикуваат денес, 13-ти мај во 17,30 да дојдете во Тафталиџе1 да се здружиме со цел зачувување на паркчето на улица Букурешка од урбаниот хорор кој и се случува на населбата.

По тој повод се организира маалско дружење во паркчето на крајот на улицата до новата сина зграда.

Причина за оваа дружба е посочување на значењето на оваа и другите зелени површини во населбата за граѓаните

Граѓанските здруженија „Ние сме Карпош4“ и „Сакаме Аеродром да дише„ ги поддржуваат жителите на Тафталиџе и се придружуваат кон нивната иницијативата за заштита на паркот на улица Букурешка, како и во заштита на сите зелените површини во Карпош, Аеродром, Тафталиџе, Центар и секаде каде што во услови на екстремна загаденост и пренаселеност, градските власти имат намера, дополнително да го “силуваат “ просторот, и наместо дрва и зелени површини, милуваат да постават бетон.

Здруженијата ја поддржуваат иницијативата за зачувување на паркчето на улица „Букурешка“, каде наместо детско игралиште Општината предвидува да никне зграда. За да се сопре урбаниот хорор кој и се случува на населбата Карпош 4, како и на многу други населби ни Скопје, здруженијата заедно ги повикуваат сите паркољупци да се придружат на маалско дружење во паркчето, денеска во 17,30 часот.

Здруженија,како за паркот на Букурешка, ќе застанат во одбрана места кои за локалните власти се синоним само за профит, а за нас граѓаните се синоним за младост, дружба, смеа и зелени оази во урбаниот хаос.

Би можело да ве интересира

Mакедонски државјанин уапсен на аеродромот во Загреб – допираше 15 годишно девојче во авион

А1он

Во стан во Аеродром е пронајдена почината 65-годишна жена

Трет дрон и експлозиви пронајдени во близина на Лајпциг: Истрагата за нападот на аеродромот открива повеќе индиции

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

Аеродромот во Истанбул вчера постави рекорд по бројот на патници

А1он

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски