Паркирањето во Штип ќе се плаќа преку СМС порака

Од:

Во Штип наплатата на паркинг просторот ќе се врши и со СМС пораки. По четири години од воведувњето на наплатата на паркинг местата во Штип успешно е спроведена тендерска постапка. Директорот на ЈП „Стипион 2011“, Игно Иванов денеска изјави дека на јавната електронска аукција најповолна понуда дала фирмата „Електрософт инжињеринг“ од Скопје.

Деновиве се очекува и договорот да се потпише, по што во Штип ќе биде решен и овој проблем со паркинг местата.

– Останува онаа иста цена која и досега важи, само што ќе биде олеснето плаќањето на граѓаните затоа што сите имаат мобилни телефони, така што лесно ќе ја наплатат оваа услуга со едноставно праќање порака до операторот, вели Иванов.

Тој забележа дека со овој начин на наплатата на паркинг местата граѓаните од останите градови во земјава, кои го посетуваат Штип веќе нема да чекаат и да прашуваат, како да ја извршат наплатата на местото на кое го паркирале сопственото возило.

Иванов најави дека на локациите во градот ќе бидат поставени и дополнителни информативни табли на кои подетално ќе се објасни како може да се изврши наплатата на паркингот со помош на мобилен телефон праќајќи СМС порака.

Во изминатите четири години штипјани и граѓаните од останатите градови наплатата можеа да ја вршат со билети кои се продаваат во неколку продавнци или трафики. Додека жителите и граѓаните кои што работат во институциите во центарот на градот имаат можност да си обезбедат месечен или годишен билет.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“