Парична казна за гостиварчанка која со измама добила земјоделски субвенции

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд достави Предлог за издавање казнен налог против 41-годишна жителка на селото Топлице која сторила кривично дело – Измама при добивање кредит.

„Обвинетата, до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Подрачна единица Гостивар, поднела барање за субвенции за 2021 година во кое навела невистинити податоци. Нерегуларностите во поглед на бројната состојба и ушните маркици на стоката биле утврдени при контрола од овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој спроведена на 16 септември.

Јавниот обвинител предложи на обвинетата да и биде определена парична казна од 10 до 100 дневни глоби“, велат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага против скопјанец кој со пиштол се обиде да си ја убие сопругата

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Земјоделците бараат корекции на програмата за субвенции

СДСМ: Кратењето 40 милиони евра субвенции за земјоделците Трипуновски го претставува како „реформа“