• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Папата Франциск ја започнува Апостолската посета на Бугарија и Северна Македонија

by А1он05/05/2019 - 09:29178
Share0

Поглаварот на Католичката црква, папата Франциск денеска ќе допатува во Софија со што официјално почнува неговата тридневна Апостолска посета на Бугарија и Северна Македонија.

Добивај вести на вибер

Папата претпладнево ќе биде официјално пречекан на софискиот аеродром, каде ќе има средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов. Од аеродрoмот понтифот ќе се упати кон претседателската палата во Софија пред која ќе се одржи церемонијата на пречек, по што тој ќе има протоколарна средба со претседателот на Бугарија, Румен Радев.

По разговарите на двајцата шефови на држави, папата Франциск ќе има средба со претставници на бугарските власти, на граѓанскиот сектор и на дипломатскиот кор.

Според планот, папата потоа ќе ги посети патријархот себугарски и митрополит софиски Неофит и членовите на Синодот на Бугарската православна црква, по што тие ќе одржат молитва пред престолот на свети Кирил и Методиј во катедралната црква „Св. Александар Невски“. По молитвата на плоштадот пред катедралата ќе биде одржан антифон за Богордица познат како Regina Coeli, при што на папата ќе му биде подарена копија на иконата Пресвета Богордица од Несебар.

Во попладневните часови поглаварот на Римокатоличката црква ќе одржи света миса на плоштадот „Кнез Александар“.

Папата утре, на вториот ден од престојот во Бугарија, ќе го посети бегалскиот камп „Враждебна“ во Софија, по што ќе одржи миса во католичката црква „Пресвето срце“ во градот Раковски, во близината на Пловдив, а во попладневните часови ќе го заврши официјалниот дел од посетата со молитва за мир на плоштадот „Независност“. Во вторник папата од Софија ќе допатува во Скопје.

bugarijapapa

Би можело да ве интересира

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Предраг Петровиќ19/01/2026 - 18:47

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Горан Наумовски16/01/2026 - 10:36

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши

Горан Наумовски08/01/2026 - 14:54

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Горан Наумовски05/01/2026 - 10:07

Од денеска во Бугарија се плаќа во евра

Катерина Ѓуровски01/01/2026 - 09:54

Муцунски: Сакаме да постигнеме достоинствено и соодветно решение со нашиот сосед Бугарија

Горан Наумовски22/12/2025 - 14:2822/12/2025 - 14:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен