Папандреу и Катругалос ја поздравија одлуката на ЕУ за почеток на пристапни преговори со С. Македонија и Албанија

Од:

Поранешниот грчки премиер и претседател на Социјалистичката интернационала, Јоргос Папандреу и поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос ја поздравија вчерашната одлука на ЕУ за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Атина.

Папандреу преку неговиот официјален „Твитер“ профил оцени дека е тоа е позитивна порака, а Катругалос во писмена изјава вели дека е исправена големата грешка на ЕУ.

– По многу одложувања, ЕУ даде зелено светло за пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Позитивна порака, толку потребна во овие тешки времиња, напиша Папандреу на „Твитер“.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега надлежен за надворешна политика во опозициската СИРИЗА, Јоргос Катругалос, вели дека одлуката придонесува за стабилноста и развојот на двете земји.

– Одлуката на Советот за општи работи за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија ја исправа големата грешка на ЕУ. Главно, во најкритичен момент, придонесува одлучувачки за стабилноста и развојот на Албанија и Северна Македонија, а отвора и едно ново поглавје за мир и соработка на Балканот и пријателство меѓу нашите народи. Во период кога Грција се соочува со големи глобални и регионални предизвици, од особена важност е што со Договорот од Преспа, се запре брзиот тек на дестабилизација и отуѓување од ЕУ на земјите што се на нашата северна граница, вели Катругалос.

Во однос на Албанија, тој упатува критики за позицијата на актуелната грчка Влада.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини