Микробиологот Никола Пановски упати апел до сите кое се вакцинирани само со една доза, а не прележале Ковид-19 да не одат по кафеани, ресторани и други објекти кои им се дозволени со промената во мерките кои ги воведува Владата, а важат од утре.
-Почитувани жители на Македонија, вие кои сте примиле една доза вакцина деновиве или ќе ја примите следниов период, а не сте прележале ковид. Ве молам да не влегувате во објектите во кои власта ви дозволува да влегувате. Вие се уште немате имунитет, не сте заштитени, под голем ризик сте таму да се заразите и потоа да ја ширите заразата. Потврдата не ве штити од зараза, нека не ви дава лажна сигурност. Откога ќе ја примите втората доза и ќе поминат две недели, тогаш може да претпоставиме дека сте заштитени, вели Пановски во објавата на Фејсбук.