Паника и вознемиреност, скопјани на улица

Од:

Серијата силни земјотреси што во недела го погодија скопскиот регион, ги натера скопјани панично да ги напуштат своите домови и привремено да се засолнат во блиските паркови.

По првиот утрински земјотрес, што се случи нешто пред седум часот, граѓаните истрчаа веднаш во дворовите и парковите, но подоцна се вратија дома бидејќи во некои делови на градот започна да врне ситен дожд.

Вториот силен земјотрес што се случи попладнево, внесе дополнителна вознемиреност кај скопјани, па сега речиси низ целиот град парковите околу зградите се преполни со луѓе, со мали деца, изнемоштени и стари лица, кои ги напуштија повисоките катови на зградите и сега немаат смелост да се вратат.

Кај некои објекти се вклучија и алармите, што дополнително ја зголеми загриженоста.

„Сега за сега ќе останам во паркот, не можам да се смирам од утрово“, вели една скопјанка, која додава дека нишањето на зградата било интензивно.

Заради земјотресот, беа оптоварени и телефонските врски, па потешко се добиваше конекција, бидејќи луѓето постојано се јавуваат до своите блиски за да прашаат како се.

Засега нема информации дали има некакви оштетувања на објектите низ градот.

ФОТО: МКД.мк

Би можело да ве интересира

Се зголемува бројот на жртви од земјотресот во Венецуела

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Чешка

Горан Наумовски

Бројот на жртви во Венецуела надмина 3.300

Горан Наумовски

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар

Трагедија: Сопругата и децата на аргентински фудбалер пронајдени мртви по разорниот земјотрес во Венецуела

ВИДЕО: Чудо во Венецуела: 11-годишно момче извлечено живо од урнатините три дена по разорниот земјотрес