Панел дискусија за зелени работни места

Од:

Македонија има огромни можности за стимулирање на нови работни места во зелената енергија, истакнаа денеска панелистите на отворањето на „Денови на зелени работни места и еколошко образование“ со панел дискусија на тема „Работни места во секторот на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност – дали образовниот систем е подготвен за успешна енергетска транзиција?“
Според Илија Насов од „Соларна Асоцијација Скопје“ рече дека во Македонија има повеќе сектори во кои има потреба од зелени работни места меѓу кои и во секторот соларна енергија.

– Соларната енергија има две групи на апликации, едната е фотоволтажна за добивање на електрична енергија, а втората за добивање на топлина. Ако во првиот период актуелна беше добивање на топлина, сега веќе доаѓа со други можности како што е добивање на електрична енергија и продажба на електричната енергига преку фотоволтаичните панели, истакна Насов и појасни дека тој сектор ќе има потреба од квалитетни кадри.

Соња Ристеска од „Аналитика Тинк тенк“ рече дека Македонија има потенцијал за зелени работни места и оти тоа треба да се развива.

– Според искуството од ЕУ посебно за можностите за вработување и обновливите извори на енергија, иако заостануваме во тие трендови, во позиција сме да учиме од нивните грешки и успеси и да ги примениме кај нас, истакна Ристеска.

Според Александар Дуковски од Агенцијата за енергетика на Република Македонија потребен е кадар во високо образовните институции кои ќе работата на развој на нови технологии и помош на индустријата со што ќе се овозможи атмосвера на имплементирање на мерките за обновливи извори или енергетска ефикасност.

Панел дискусијата која е во организација на Младинската еколошка организација Гоу Грин, Конрад Аденауер Фондацијата во Скопје и Мартенс Вилфред центарот за европски студии од Брисел ќе продолжи утре на Машинскиот факултет во Скопје.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза