Пандов за изјавата на Ханс Ван Бален: Македонија црпи искуство од постари демократии од Холандија

Од:

Секој денес може да стане европратеник, вели Александар Пандов, често консултиран од провладините медиуми како политички аналитичар, по изјавата на европратеникот Јоханес Корнелис Ханс ван Бален, кој завчера во посета на Македонија рече дека во неговата земја Холандија, оние кои ќе се одважат јавно да зборуваат за незаконско прислушување добиваат медал, а не затвор.

Хан ван Бален порача дека на следните избори македонските граѓаните ќе изберат дали сакаат да живеат во земји како Холандија, Белгија, Данска или Естонија, односно мали држави, но со добро владеење и со независни институции.

„Една чиста држава која работи за своите граѓани. Тоа значи да има институции кои се независни. Така на пример ако се открие незаконско прислушување, нормално би добиле медал за тоа а не закана да се оди во затвор“, изјави Ханс ван Бален.
Според Пандов, Македонија црпи искуство од поразвиени земји и постари демократии од посочените.

– Македонија црпи искуство од уште постари и посовремени демократи како онаа на САД и Велика Британија кои се наши традиционални партнери и во тие земји гледаме пример. А тоа е примерот на Сноуден и Асанж кои сега се наоѓаат во глувчешки дупки. Едниот во Москва, а другиот во амбасадата на Еквадор во Лондон. Има уште еден случај, изворот на Асанж, Менинг кој доби 40 или 60 години затвор. Примерите покажуваат дека тие земји така се справуваат така со прислушувањето – вели Пандов.

Без разлика на изјавата на европратеникот, тој вели дека Ханс Ван Бален би бил надгласан доколку го тврди тоа во европарламентот или во својата земја.

– Еден поединец ако каже нешто, тоа не го гледам како релевантно од која земја и да биде. Ако го прашате мнозинството во Европскиот парламент за конкретниот случај околу прислушување на државниот врв и споделување со јавноста, тие ќе ви кажат дека тие луѓе што тоа го направиле заслужуваат долгогодишни затворски казни. И од земјата од каде тој европратеник потекнува таму да се изврши гласање дали е дозволено или не, со големо мнозинство ќе изгуби тој господин – смета Пандов.

Тој и понатаму верува во пласираната приказна дека зад прислушувањето стојат структури лојални на опизицијата, тврдење кое изминативе месеци беше оспорувано од различни страни. Специјалниот јавен обвинител, кој од 15-ти септември ќе биде задолжен да истражува се поврзано со случајот „Пуч“ и објавените аудио-снимки, може да утврди сосема спротивни факти од пласираните, односно дека зад масовното прислушување стојат владејачки структури и Управата за безбедност и контраразузнавање. Во тој случај, како што вели и Пандов, првите луѓе на Владата ќе треба да одговораат за „нарушување на безбедноста на државата“.

Зоран Верушевски, првоосомничен во судскиот процес по предметот „Пуч“, откри, пак, дека против правното прислушување го направила Петтата управа на МВР, како проект кој започнал уште во 2007 и во кој се инволвирани најголем дел од вработените во Управата.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски