Панчо и Андреј од ДНК: Ќе му помогнеме на секој сограѓанин кој ќе добие казна за возачка

Од:

Групат ДНК најави дека ќе им ги плати казните на граѓаните кои ќе добијат казна поради истечена возачка дозвола.

„Драги наши сограѓани, Македонци.

Сакаме да ви кажеме дека секој оној наш сограѓанин што ќе добие казна за возење со старата возачка дозвола да ни се обрати за да му помогнеме околу плаќање на истата. Не сме држава, а уште помаклу сме богати, но пред се сме луѓе и колку можеме ќе учествуваме во неправдата нанесена врз секој наш сограѓанин!

Апел до секој еден полицаец да се подзамисли кога ќе сака да казни некој шофер за најсмешниот “закон” во човековото постоење и дека тој истиот е негов сограѓанин од кого зема плата!“, објавија од бендот.

Веста на МВР дека од ноќеска нема да важат ниту возачките дозволи кои се со старото име, а голем дел од граѓаните ги смениле во привремениот рок и не добиле нови обрасци, го разгневи граѓаните кои најавија граѓанска непослушност и неплаќање на евентуалните казни кои ќе ги изрекува сообраќајната полиција од 13 февруари.

Би можело да ве интересира

МВР: Извршувањето на забраната за управување со моторно возило повеќе не се врши со физичко впишување во возачката дозвола

Менаџер на групата ДНК сведочеше во суд – прскалките легално биле купувани од продавница во Кисела Вода

А1он

ВИДЕО: По заканите со убиства и тепачки, учесникот на протестите во Битолско му се извини на целиот државен врв

Катерина Ѓуровски

Во Штип вечерва „Ѕвездено небо во чест на Панчо“

Мурал со ликот на Андреј од ДНК во скопската населба Аеродром

Андреј и Сара ќе бидат погребани утре во Скопје

А1он