Панчевски: И тоа дочекав, како партал избркан од судската зграда

Од:

Поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, се огласи на својот Фејсбук профил, откако како што пишува, бил избркан од канцеларијата и судската зграда.

„Ете и тоа го дочекав, утрово избркан како партал од канцеларијата и судската зграда, судски полицаец дојде да ја заклучи канцеларијата, ни одлука сум примил, ни официјално сум известен, ниту сум известен за било која од постапките на прогон против мене, освен од медиуми.

Така функционира овој криминален систем!

Тоа е таа ”благодарност” на системот за 24 години стаж во правосудните органи од кои 11 години судиски стаж во Кривичниот суд со потврдени најдобри резултати!

Слава на Зоран Заев и Радмила Шеќеринска!“, напиша Панчевски.

Инаку Судскиот совет на вчерашната седница донесе одлука да го суспендира експретседателот на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Дисквалификуваниот Панчевски бара кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители

Катерина Ѓуровски

Панчевски со документ од Основниот кривичен суд тврди дека ги исполнува условите за Државен јавен обвинител

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје