Панчевски е среќник: Пресудата укината поради причина која судиите ретко ја ценат

Од:

Пресудата за Владимир Панчевски со која Апелација му ја намали казната е укината само бидејќи тој не присуствувал на седницата каде се одлучувало за него. Ова стои во пресудата донесена од Врховниот суд, а каде се вели дека неповикувањето на осудениот и неговиот адвокат, било суштинско повредување на постапката. Па така, највисоките судии Сафет Кадрии, Фаик Арслани, Џемали Саити, Африм Фидани и Мирјана Лазарова Трајковска решиле да ја укинат пресудата и предметот повторно да го вратат во Апелација. Второстепениот суд, се правдал дека присуството на Панчевски не било неопходно, па затоа не го повикале. Но, ова образложение, не било доволно за да ги убедат своите колеги од Врховен, за да не ја укинуваат пресудата.

„Второстепениот суд ги повредил релевантните правни одредби, како и нивното толкување, согласно одредбите од Законот за кривичната постапка и домашната судска практика, според кои за да може второстепениот суд да одлучува потребно е разгледување на доказите и непосредна оценка на истите. Во оваа смисла, овој суд констатира дека со тоа што Апелациониот суд Скопје при постапувањето по жалбите донел пресуда на нејавна седница, за која осудениот не бил известен, иако тој тоа го барал во поднесената жалба и притоа не навел релевантни и доволно образложени причини за таквиот начин на постапување, сторил повреда на правото на одбрана, односно на одредбите на кривичната постапка во жалбената постапка… која повреда влијаела врз законито и правилно донесување на пресудата и врз правото на осудениот на правично судење“, одлучиле судиите од Врховен суд.

Сега, за да ја поправат грешката, судиите од Апелација ќе треба да закажат јавна седница, да го повикаат Панчевски и неговиот адвокат, но и јавниот обвинител, па да донесат пресуда.

Инаку, во судската пракса се ретки случаите каде се укинува пресуда поради ваква причина.

Би можело да ве интересира

Судијата Владимир Панчевски влезе во затворот во Шутка да си ја одлежи казната

Кристијан Ландов

Врховниот суд му ги одби барањата на Панчевски за да се преиспита дали треба да оди во затвор

Кристијан Ландов

Панчевски по само 13 дена во затвор, излегува на слобода

Експретседателот на Кривичен, Панчевски сам се пријави во затворот во Шутка

Кристијан Ландов

Намалена затворската казна на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски

А1он

Амбасадата на САД ја поздрави пресудата за експретседател на Кривичниот суд Панчевски

А1он