„Пајакот“ кренал 92 возила вчера во Скопје

Од:

Седум лица се здобиле со полесни телесни повреди во вкупно девет сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Пет од нив, се со причинета материјална штета.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети се 92 возила.

Сообраќајната полиција открила и санкционирала осум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, тројца  поминале на црвено светло на семафор, четворица не ги почитувале правилата за престигнување, 20 биле без возачка дозвола, односно со нерегистрирано возило, а осум возеле без сигурносен појас или пак зборувале на мобилен телефон. Затекнати се и 52 непрописно паркирани возила.

Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ООУ „Ј.Х. Песталоци“ во општина Бутел.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ