„Пајакот“ кренал 134 возила, 30 сообраќајки викендот во Скопје

Од:

За непрописно паркирање изминатиот викенд во Скопје се изречени 200 мерки, а „пајакот“ подигнал 134 возила.

Во 12 од вкупно регистрираните 39 сообраќајки со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а 12 се полесно повредени.

Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај 55 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и тројца возачи почетници, а од сообраќај се исклучени и 48 нерегистрирани возила.

Изречени се санкции на 13 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, девет кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, 13 за неносење сигурносен појас, 31 за користење мобилен телефон.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози