„Пајак“ отстранил 188 непрописно паркирани возила во Центар минатата недела

Од:

Во текот на минатата недела на територија на Општина Центар со помош на трите специјални возила „пајак“ на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје отстранети се 188 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Сообраќајната полиција и „пајак службата“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 17.12. до 22.12.2018 година, санкционираа 188 непрописно паркирани возила, од кои две (2) возила биле затекнати на паркинг места за лица со посебни потреби.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните одбележани паркинг места со цел да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан