Паднато дрво го блокираше влезот на ОУ „Киро Глигоров“ во скопски Капиштец

Од:

Паднато дрво утрово го блокира главниот влез на ОУ „Киро Глигоров“ во Капиштец, на потегот од ул. Васил Ѓоргов кон Заводот за рехабилитација.

Настанот предизвика метеж, а учениците биле приморани да кружат и да влегуваат од задниот влез на училиштето.

Општина Центар информира дека во моментов екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на отстранување на двете паднати дрвја во близина на ООУ „Киро Глигоров“. Улицата е непроодна за возила додека не завршат активностите, а се очекува дрвјата да бидат целосно отстранети во рок од еден час, најавуваат од Општината.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за дилер на дрога од Капиштец

Падна дрво во Скопје, тешко повредени две жени

Горан Наумовски

Обвинителство: Убиениот арачиновец, во казиното пристигнал заедно со уште три лица, во видно алкохолизирана состојба

Горан Наумовски

Детали за убиството во Капиштец: Заедно се коцкале па пукал во жртвата, го докрајчил со кундак по глава

А1он

Оштетени две паркирани возила откако дрво падна врз нив

А1он

БЕГ: Активности за обнова на дистрибутивната топлинска мрежа во „Капиштец“

Ана Ололовска