Веб-страницата каде електронски се закажува вакцинација стана тест за нервите на граѓаните

Од:

Веб-страницата каде граѓаните требаше од денеска да почнат со електронско закажување вакцинација против Ковид-19 од утринава или воопшто не работи, или пак одвреме-навреме проработува, па повторно паѓа.

Граѓаните прво чекаат неколку минути додека да се вчита страната, а потоа се бара телефонски број за да биде испратен код. Кодот или воопшто не пристигнува, или пристигнува по два часа чекање (во ретки случаи) или пак по извесно време ве известува дека има проблем со конекцијата.

Кога и да ја отворите, на веб-страницата се појавува нешто различно. Понекогаш пишува „Дојдовте на ред, вашето време на чекање е 5 минути“, а потоа се менува во „Вашето време на чекање е недефинирано“, за на крај, целосно да згасне.

Од Министерството за здравство информираат дека во моментов се прават последните технички прилагодувања на веб-страницата преку која граѓаните ќе можат да се пријавуваат со изразување заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19.

„Штом се овозможи целосна функција на веб-страницата, ќе информираме повторно“, велат од Министерството за здравство.

Во меѓувреме, социјалните мрежи вријат од комични коментари во однос на веб-страницата за која беше најавено дека ќе биде во функција уште рано изутрина.

Освен по електронски пат, пријавувањето за вакцини може да се врши и преку матичните лекари преку системот Мој термин.

Планот е да се вакцинираат по 880 лица дневно во сите поликлиники во Здравствениот дом во Скопје и дополнителни близу 500 во пунктот во Клиничкиот центар во Скопје. Вакцинацијата ќе почне со здравствените работници и со лица над 70 години.

Утре се очекува првата донација од Србија од вакцините „Фајзер“, а 200.000 вакцини треба да пристигнат, најверојатно наредната недела, од кинеските „Синофарм“.

Би можело да ве интересира

111 гостиварци побарале лекарска помош во викендот

Катерина Ѓуровски

Министерството за здравство уверува дека детално ќе го испита случајот на младата мајка која не може да оди по царски рез

МЗ: Состојбата во Гостивар е стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западно нилска треска.

А1он

Во Гостивар се намалува бројот на нови случаи, Мицкоски најавува наскоро исправна вода за пиење

ВИДЕО: Министерството за здравство ќе спроведе вонреден надзор по случајот со 19-годишната пациентка парализирана по царски рез

Катерина Ѓуровски

МЗ: Лекот „Фостер“, кој е на позитивната листа наскоро ќе биде достапен зa пациентите без доплата