А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Падна првото обвинение – жител на Росоман се вратил од Германија и одбил да оди во самоизолација

by А1он17/03/2020 - 16:5317/03/2020 - 17:163159
Share0

Основното јавно обвинителство Кавадарци до кавадаречкиот суд поднел Предлог за издавање казнен налог против едно лице обвинето дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Добивај вести на вибер

„Обвинетиот умислено не постапил според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на пандемијата на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19. Имено тој влегол во државата на 16 март во 23:15 часот, враќајќи се од Германија како средноризична земја утврдена на листата на Светската здравствена организација. Притоа одбил да потпише изјава за задолжителна самоизолација и да ја прими писмената наредба на Министерството за здравство. На 17 март во 13:00 часот, кога од страна на униформирани полициски службеници од ОВР Кавадарци е направена контрола во неговиот дом во с. Дебриште, Росоман, обвинетиот не бил затекнат во домот и телефонски изјавил дека е на истовар на роба во Струмица“, се вели во соопштението.

Јавниот обвинител, согласно Законот за кривична постапка, му предложил на Судот на обинетиот да му изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби, односно 1.000 евра.​

kavadarcikoronavirus mkdojo

Би можело да ве интересира

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа

Горан Наумовски20/03/2026 - 11:38

Обвинителството започна истрага против скопјанец кој со пиштол се обиде да си ја убие сопругата

Горан Наумовски07/03/2026 - 11:26

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он14/02/2026 - 09:49

ОЈО бара притвор за тројца од четворицата осомничени за поседување нелегално оружје во Брвеница

А1он30/01/2026 - 18:17

Обвинение за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он30/01/2026 - 17:31

Момче почина во кавадаречко Возарци

Горан Наумовски26/01/2026 - 11:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен