Пациентката кај која постоеше сомнеж, нема коронавирус

Од:

Министерството за здравство информира дека резултатите на пациентката кај која постоеше сомнеж за коронавирус, се негативни на вирусот. Пациентката е една од двата случаи кои се тестираа на Инфективната клиника во Скопје. И двата случаи се негативни на вирусот. Во моментов, веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје која со комбе допатува од Милано е единствениот регистриран случај заразен со вирусот COVID 19, велат од Министерството за здравство.

Инаку, како што беше најавено на синоќешната конференција за медиуми, во текот на ноќта сите 9 патници на 5-те локации, 2 во Скопје и 3 во Струмица беа посетени од страна на епидемиолозите од Центрите за јавно здравје во Скопје и Струмица.

„Сите патници кои патувале од Италија со пациентката уште синоќа се исконтактирани и се наоѓаат во изолација во домашни услови во соработка со МВР. Најголем дел од патниците немале контакт со поголема маса луѓе, туку само со семејството. На денешниот состанок на комитетот ќе ги разгледаме можностите за продолжување на домашната изолација или префрлување на овие лица во инфективните одделенија, одредени за изолација“, посочи министерот Филипче.

Лицата со кои тие биле во контакт се веќе лоцирани и исконтактирани. И тие се наоѓаат во домашна изолација, а епидемиолозите на Центрите за јавно здравје од утринава се веќе на терен и ги анкетираат, согласно утврдената постапка.

Владата на Република Северна Македонија ги извести сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработени во основно, средно и високо образование како и сите ученици и студенти дека ДОКОЛКУ во последниве 2 недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван потребно е, да не доаѓаат на работа/училиште/факултет и да ја информираат институцијата/претпријатието/училиштето . На тој начин ќе се соберат релевантните информации и ќе им се даде соодветен совет во зависност од ситуацијата. Во случај на појава на симптоми лицата да се јават на телефонските броеви:
• ЦЈЗ Битола 071/261-330
• ЦЈЗ Велес 071/219-278
• ПЕ Гевгелија 078/545-444
• ЦЈЗ Кочани 071/373913
• ЦЈЗ Куманово 070/215-851
• ЦЈЗ Охрид 070/723-029
• ЦЈЗ Прилеп 076/475-747
• ЦЈЗ Скопје 071/289-614
• ЦЈЗ Струмица 072/235-543
• ЦЈЗ Тетово 075/240-464
• ПЕ Гостивар 076/365-161
• ЦЈЗ Штип 078/365-613
• ИЈЗ Скопје 078/387-194
• ЗД Ало докторе 02/15-123

Сите надлежни служби навремено и одговорно го спроведуваат протоколот. Апелираме до граѓаните да не се создава паника и да се информираат за состојбата исклучиво од официјални извори и информации, велат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска