Пациентите хоспитализирани во Куманово, ќе се префрлаат во Скопје

Од:

Хоспитализираните лица во кумановската болница од Ковид-19 ќе бидат префрлени во Скопје, затоа што голем дел од вработените во болницата се во самоизолација, извести на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Станува збор за седум лица кои се хоспитализирани во кумановската болница, а се позитивни на коронавирусот.

Понатаму, како што извести Филипче, во кумановската болница ќе се врши тријажа, односно проценка на здравствената состојба на пациентите, па во комуникација со директорот на Градската болница „8 Септември“, ќе се одлучува дали тие, во зависност од симптомите ќе бидат префрлени во Скопје или ќе останат да се лечат во кумановската болница.

Во меѓувреме, завршени се тестирањата на вработените во кумановската болница.

„Од 210 вработени, само кај двајца се најдение зголемени антитела и тие ќе бидат тестирани на вирусот. Истото тоа, како стратегија, ќе го спроведеме и во текот на следната недела, посебно во одделенијата и болниците во кои сметаме дека има најголем ризик“, истакна Филипче.

Тој додаде дека на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести од стручен аспект било разговарано во однос на барањата на Кризниот штаб за прогласување карантин во Куманово, но дека конечната одлука ќе биде донесена на утрешната седница на Владата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Филипче: Не може работниците да протестираат, а власта да купува нов авион

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати