Пациентите со рак на простата, дојка и и гастроинтестинален тракт ќе ја подигнуваат терапијата еднаш за три месеци

Од:

Четиристотини и четириесет пациенти болни од рак на простата, дојка и гастроинтестинален тракт, наместо како досега еднаш месечно, терапијата ќе може да ја подигнуваат со болнички упат квартално односно еднаш за три месеци.

Ова денеска го изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Јован Грповски кој рече дека олеснувањето на начинот на подигнување на терапијата за тие пациенти произлегло на барање на здруженијата на пациенти.

– Контактиравме со Клиниката за радиотерапија и онкологија и за оние дијагнози за кои ова има медицинска оправданост односно каде што навистина пациентот доаѓа да ја подигне терапијата и во тој период не се врши никакво изледување решивме да излеземе во пресрет. Со ова ќе им се намалат трошоците на оние пациенти кои не се од Скопје и наменски доаѓаа до Клиниката само да ја подигнат терапијата, посочи Грповски.

Се работи, нагласи тој, за лековите zoladex, bicalutamide, anastrazol, letrozol, ibandronic и imatinib.

– Она што го менуваме е брахитерапија која е специфичен тип радиотерапија за која досега се бараше специјалистички упат за секоја терапија. Отсега брахитерапијата ќе се дава со еден упат кој го покрива целокупното времетраење на услугата од просечно три седмици, рече Грповски.

Додаде дека и натаму ќе останат посветени на овој тип активности со цел да ги олеснат сите бирократски процедури кои се наметнати и да излезат во пресрет секаде каде нема медицинска индикација дека е потребно нешто друго освен носење упат.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот