Груевски: Ако сечеа раце за корупција, СДСМ без раце ќе беше на чело со Црвенковски

Од:

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ денеска го коментираше митингот на опозицијата и присутните,Според него на митингот на СДСМ зборувале луѓе кои немаат кредибилитет, кои  давале лажни ветувања и не сработиле ништо во својот мандат.

„Беше чудно да слушаме како Црвенковски се обраќа на пензионерите на кои во неговиот мандат им ги намали пензиите, им ги ускрати оние осум отсто, а сега ги повикува да гласаат за него или пак за земјоделците на кои речиси никогаш не им даде субвенција, а денес ги повикува да го поддржат повторно. Истото би можел да го кажам и за сите останати категории како луѓето кои примаат социјална помош или луѓето во администрацијата кои во негово време не се сеќаваат за некакво зголемување или придвижување, рече Груевски.

Според него, најсаркастично е обраќањето на Црвенковски кон бизнисмените кои во негово време живееја во атмосфера на шверц, криминал, атмосфера на фаворизирање на одредени олигарси блиски до него. Атмосфера на кршење на ембарго од страна на одредени поединци, атмосфера во која што, вели, вирееја балканските криминалци и шверцери кои до ден денес со носталгија раскажуваат за тоа време како се договараа со властите.

„ Значи, еден  човек и една гарнитура, која целосно го има загубено кредибилитетот одејќи на елементот дека луѓето не паметат. Нивната меморија се брише. Се обидуваат  со манипулации, со напад и со клевети да го привлечат вниманието да привлечат гласови и поддржувачи. Мислам дека тоа тешко ќе им тргне бидејќи во тие работи што ги кажаа не им веруваат ниту нивните членови, дека ќе сечеле рака за корупција. Па ако сечеа раце  сега цело раководство на СДСМ без раце ќе беше на чело со Бранко Црвенковски. Кому му исекоа рака? Беа на власт во неколку наврати. Дали на Соња од ТАТ и исекоа раце или на шверцерите кои раскажуваат како убаво си шверцувале и се договарале со властите. Станува збро за луѓе со целосно изгубен кредибилитет  поради нивното минато, поради добиената шанса и излажаниот народ“, праша  Груевски.

Премиерот смета дека е излишно да се дебатира дали Јани Макрадули од СДСМ е добар кандидат за градоначалник на Скопје, бидејќи за тоа треба да одлучи народот, но, сепак, посочува колку е некој добар кандидат треба да се суди според неговите дела од минатото.

 

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он