„Озлогласените“ тоалети во училиштето во Студена Бара ќе бидат заменети

Од:

Училиштето во Студена Бара, Кумановско ќе добие нови тоалети. Ова откако четири компании се пријавиле на јавниот повик на Општина Куманово за реконструкција на тоалетите во подрачното училиште „Браќа Миладиновци“. До крајот на неделава ќе биде избрана компанијата која ќе ги реконструира тоалетите кои беа горлив проблем за ова училиште. Предвидената вредност е 311.000 денари

– Во училиштето настава следат четири ученика со физичко присуство од прво до петто одделение, а настава држат двајца наставници. Состојбата со тоалетите е на исклучително ниско ниво. Се надеваме дека наскоро ќе почне реконструкцијата и ќе се реши овој проблем, изјави в.д. директорката на училиштето, Јасминка Спасовска.

Тоалетите на ова училиште се наоѓаат надвор од училишната зграда и не задоволуваат ниту минимум хигиенски стандарди. Во моментов како преодно решение се користат монтажни тоалети.

Би можело да ве интересира

Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за ученикот кој падна од прозорец

А1он

Детето кое падна од прозорец е одличен и дисциплиниран ученик, тврди директорката на училиштето во Прилеп

А1он

Владата подготвува анализа за да ги намали трошоците на родителите на стартот на учебната година

Повредени малолетник во училишен двор, го удрил мотор

Анита Петровска Рајковиќ

Поднесено обвинение за Мерко: Назначил в.д директор на училиште кое не ги исполнувал условите

A1on

Деветтооделенци од Кавадарци краделе и монтирале фотографии од соученички за да им се исмејуваат

A1on