Владата подготвува анализа за да ги намали трошоците на родителите на стартот на учебната година

Од:

Владата подготвува анализа за да ги намали трошоците на родителите на стартот на учебната година и утре на седница ќе усвои мерка за лимитирање на цените на производите, најави денеска премерот Христијан Мицкоски.

При посетата на ОУ „Стив Наумов“ на првиот училиштен ден, Мицкоски рече дека се подготвуваат да го олеснат трошокот на родителите за успешен старт на учебната година со лимитирање на цените на производите кои се најпотребни.

– Правиме анализа на сите трошоци и мислам дека во текот на денов ќе биде готова и утре на седница на Владата ќе излеземе со план за лимитирање на цените на производите кои се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година, но и периодот после летото да можеме да го поминеме, изјави Мицкоски.

Детали за новата мерка најави дека ќе бидат соопштени по владината седница на прес-конференција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места