Овци пасат на главниот булевар во Дебар, општински инспектор излезе на терен

Од:

Стотина овци утрово пасеа на еден од главните булевари во Дебар, загрозувајќи ја безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Информацијата ја објави општина Дебар на својата страница на Фејсбук од каде што порачаа дека општинскиот инспектор ќе преземе мерки.

„Утрово на булевар Илирија. Ова е граѓанската совест на некои луѓе кои сè уште немаат поим каде живеат. Општинскиот инспектор ќе излезе на терен за да преземе мерки“, соопштија од општината.

Би можело да ве интересира

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Уапсена e жена во Дебарско, предизвика пожар на сува трева

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар