Оваа Нова година Скопје украсено најскапо досега – договорот чини 260 илјади евра

Од:

Бирото за јавни набавки го објави договорот меѓу Град Скопје и фирмата „Линк медиа плус“ за досега најскапото новогодишно украсување на градот, кое ќе чини околу 260 илјади евра со ДДВ.

Оваа фирма редовно го добива тендерот за украсување на главниот град, но во претходните години украсувањето беше видно поевтино.

Според договорите за јавни набавки, минатата година за оваа намена биле платени 195 илјади евра, исто колку и во 2016 година додека градоначалник беше Коце Трајановски. Во 2015 година украсувањето чинело најмалку, околу 170 илјади евра.

Според договорот, за овие 260.000 евра што ќе се одвојат од буџетот, Скопје ќе добие новогодишна елка што ќе биде поставена на плоштадот Македонија и на неколку други локации, а предвиден е и огномет за новогодишната ноќ. Во договорот од минатата година склучен со фирмата „Линк медиа плус“, пак, не бил предвиден огномет.

Минатата недела градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изјави дека „граѓаните мора да добијат нешто што не го добивале досега“.

„Во текот на декември на плоштадот Македонија првпат ќе осамне новогодишна населба, нешто што во Скопје досега го немало. Нашиот план е населбата со име Винтерленд (Зимска земја) за граѓаните да се отвори на 7 декември. Во неа ќе има куќички украсени во новогодишен амбиент и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. Ќе има и топ за создавање вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика. Во селото ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер“, рече тој.

Мери Јордановска
Фото: Архива

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз