Ова се профашистички тенденции на власта – Крмов за забраната за рекламирање на Левица

Од:

На народниот собир во Велес, освен претседателот на партијата Димитар Апасиев, присуствуваше и пратеникот Борислав Крмов, кој е и координатор на Изборна единица 3. Крмов се обрати пред граѓаните и зборуваше за цензурата со медиумско рекламирање што ѝ се прави на Левица.

„Претседателот Апасиев и јас, како пратеник од оваа Изборна единица, сме тука за да дадеме поддршка на нашите членови од советничката листа. За локалните проблеми тие зборуваа и тие најдобро ги познаваат. Јас сакам да се осврнам на главната вест – забраната за рекламирање на Левица,“ рече Крмов.

Тој нагласи дека ова не е обична мерка, туку чекор карактеристичен за авторитарни режими:

„Граѓаните треба да знаат дека ова е политичка цензура. Авторитарните режими прво удираат на својот најголем непријател, а тоа очигледно е Левица. Ако СДСМ беше најголем противник на ВМРО-ДПМНЕ, ваква забрана ќе им се случеше ним. Како може триесет години тоа да не се случи никому, а денес се случува токму на Левица?“

Крмов предупреди дека ваквите процеси не застануваат само на партиите:

„Ова се, за жал, профашистички тенденции на власта. Прво ќе тргнат со политичките партии што им пречат, а потоа тоа ќе се префрли и кај граѓаните – со цензура, апсења и репресија. Затоа ова мора веднаш да се спречи.“

И покрај забраната, Левица најавува дека овој срамен чекор на власта ќе го претвори во предност:

„Нашиот наводен хендикеп, што нема да нè има во медиумите, ќе го претвориме во сила. Со тоа што Левица е единствената партија на која ѝ се забранува рекламирање, нè издвојуваат како единствена сила надвор од мноштвото. Ја акцентираат Левица како единствената партија што му прави проблем на ВМРО-ДПМНЕ и на целиот систем, како страно тело кое тие сакаат да го исфрлат.“

Крмов порача дека токму тоа е надежта на граѓаните:

„Луѓето триесет години чекаат нова, вистинска опција. Тоа е Левица – фактички, единствената опција на овие избори.“

Би можело да ве интересира

Приведен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Опожарени три возила кај Бит Пазар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението