Ова покажува дека имаме правосуден систем кој работи заедно со криминалците: Најчевска смета дека Мијалков одамна требало да е во притвор

Од:

Сашо Мијалков требало да биде во притвор уште кога е започнат предметот „Таргет-Тврдина“ во 2017 година без да се чека, посочува за „А1он“ професорката Мирјана Најчевска. Таа вели дека тој, но и неговиот братучед и експремиерот Никола Груевски можеле да влијаат на луѓе во системот, а со тоа и на постапките кои се водат против нив. Поради тоа, Најчевска посочува дека притвор можело да се бара уште пред четири години. За неа е замајување на јавноста дека немало основ за притвор, а со тоа и доказ дека има криминалци во правосудниот систем.

„Притворот е многу логичен инструмент кој е даден во кривичната постапка. Тој пред сè се однесува на луѓе кои на овој или оној начин можат да влијаат на текот на процесот и второ да побегнат. Кога станува збор за луѓе каков што е Мијалков, каков што е Груевски, дефинитивно, првиот елемент, можноста за влијание, мора да биде сфатен исклучително  сериозно. Тоа е така бидејќи биле во позиција кога формирале одредени мрежи на луѓе кои им биле и сè уште им се лојални. Потоа, имаат податоци со кои можат да влијаат на други луѓе, кои може со заплашување, закани, на секаков друг начин да ги придобијат да работат за нив. Притворот како институт е замислен токму за вакви луѓе, а не за некои граѓанин киј направил одредено прекршување на законот, меѓутоа нема никакви шанси да влијае на судскиот систем, ниту, пак, има средства или можности да побегне од судењето“, вели Најчевска за „А1он“.

Професорката посочува дека братучедите Мијалков и Груевски поради извршување на високи државни функции, а со тоа можноста за влијание, требало да бидат сместени во силно обезбедена институција. За неа, не е доволно одредувањето куќен притвор, како што одлучија тројцата судии од кривичниот суд во неделата, кога Мијалков веќе беше недостапен за органите на прогонот.

„Недоделувањето  притвор за Мијалков, Груевски и слично е смешно. Тука не мислам на куќен притвор, туку притвор кој ќе биде во многу силно обезбедена ситуација, тоа е неопходност. Мора да биде правилно. Испуштањето на такво нешто зборува за голема корумпираност на правосудниот систем. Не можам да замислам дека  нашите судии се толку глупави и неуки или не знаат, така што ми останува само дека се корумпирани“, додаде Најчевска за „А1он“.

Најчевска е децидна дека, како што вели: „Притвор се одредува за човек од калибар на Мијалков затоа што е Мијалков“, а не бидејќи некој некому кажал дека тој ќе бега.

„За мене, сето ова што го прават и зборуваат во врска со бегството на Мијалков е дигање  магла, да се затскрие дека има системско помагање некој на нивото на Мијалков да побегне од казна. Значи, дали се знаело во среда, четврток, петок, сабота, недела, тоа е смешно. Затоа што држел одредена функција на која може да има податоци, може да има мрежа, може да има контакт во државни институции и во криминалното подземје. Не се одредува затоа што некој некому му шепнал, му кажал и слично. Тоа е смешно. Тоа е замајување на јавноста и дефокусирање на фактот дека имаме криминогени фактори, корумпирани фактори во правосудниот систем кои сакале да го пуштат Мијалков да побегне. Тоа што не му е даден притвор е само доказ дека имаме криминалци во правосудниот систем“, објаснува таа.

Во однос на пропустите, професорката ги лоцира кај сите институции, од обвинителство, кривичен суд, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност. Најчевска појаснува дека овде не станува збор за грешка, туку долгогодишен системски проблем.

„Системски пропуст. Многу институции работеле заедно. Не можам да лоцирам вина кај еден. Да имало правилно работење барем кај еден, една од овие структури, немало да дојде до вакво нешто. Работата е што гнилежот е кај секоја од овие структури, значи сите заедно. Ова покажува дека имаме правосуден систем кој работи заедно со криминалците. Не е грешка, не е нешто моментално, туку системски проблем на кој треба да работиме ако сакаме нешто да смениме. Нам ни бегале министри, службеници во државна безбедност и слично, и никој за тоа не одговарал. Тоа значи дека ние не само што не се бориме против овој системски проблем, туку го градиме како нормален начин на делување“, објаснува таа.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков