ОУ „Страшо Пинџур“ од Соколарци вклучено во проект на „Еразмус плус“

Од:

„Ајде да играме живо, а учиме дигитално“ е „Еразмус плус“ проект во кој е вклучено и ОУ „Страшо Пинџур“ од село Соколарци од општина Чешиново-Облешево, заедно со уште пет европски училишта од Турција, Романија, Бугарија, Полска и Литванија.

Со проектот учениците и наставниците преку разни активности се запознаваат за начини и апликации за користење на модерната технологија во процесот на учење, а во исто време преку забавни, спортски и културни активности и манифестации учат за природата и игрите на отворено и затворено.

– Целта на проектот е зголемување на дигиталните компетенции кај наставниците и учениците преку употреба на „паметна табла“, употреба на платформа со која наставниците ќе можат да се поврзат со партнерските училишта од останатите европски држави и во исто време презентирање на традиционалните игри преку кои ќе можат да се одделат учениците од компјутерите, рече Благој Трајков, директор на ОУ „Страшо Пинџур“ од Соколарци.

Проектот ќе трае две години почнувајки од октомври оваа година а ќе заврши во септември 2019 година.

Би можело да ве интересира

Македонија треба да врати 2,2 милион евра злоупотребени од програмата Еразмус+

Катерина Ѓуровски

Со Еразмус+ до европско образование

Ана Ололовска

Ѓоргиевски: 43 проценти од буџетот на новата Еразмус програма ќе биде наменет за високо образование

Ана Ололовска

Димова: Злоупотреба на 2,2 милиони евра од „Еразмус+“ со наместени тендерски документации

Ана Ололовска

Во Скопје се одржа Валоризациона конференција за програмата „Еразмус плус“

Наум Локоски

Инфо ден на Еразмус плус во Кочани

Наум Локоски