ОУ „Климент Охридски“ доби сензорна соба за децата со аутизам

Од:

Во Основното училиште „Климент Охридски“ денеска беше отворена новоопремената сензорна училница за потребите на децата со аутизам кои следат настава во ова училиште. Сензорната просторија е со опрема во вредност од 400 000 денари, главно пари од буџетот на локалната самоуправа и дел од донации.

Според директорот на училиштето Ахил Јаков,просторијата е опремена со: спејс проектор, фибер влакна, платформа за седење и душек, базен со топчиња, пилатас топки, посебен сад со водени ефекти и меури, извор на лед за развивање на сетилата кај децата.

– За прв пат општината и во ова училиште добиваат сензорна соба. Се надевам дека оваа соба ќе има мошне голема улога во стимулацијата на сетилата кај децата со аутизам, за кои немањето ваков простор претставуваше вистински проблем, рече Јаков.

Ивана Дамјаноска е дефектолог кој работи со децата и смета дека ова е вистинскиот начин да се стимулираат нивните сетила.

– Сите овие помагала кои се наместени во сензорната соба ќе им помогнат и на децата со аутизам и на останатите деца, рече Дамјаноска.

Според приелпскиот градоначалник Марјан Ристески отварањето на оваа сензорна соба навистина ќе им помогне за правилниот развој и едукацијата на овие дечиња.

– Вкупната инвестиција е 400.000 денари, од кои 300 000 денари се издвоени од буџетот на локалната самоуправа, а останатите 100.000 се донации. Голема благодарност до гимназијата „Мирче Ацев“ од каде се донираа 60.000 денари од „Гим Фест“, рече Ристески.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он