ОУ „Григор Прличев“ во Охрид се уште без струја, учениците на скратена настава

Од:

Учениците во ОУ „Григор Прличев“ денеска наставата ја следеа сосема кратко и по скратена програма. Причината за тоа е исклучувањето од системот за напојување со електрична енергија во текот на вчерашниот ден. И денеска во училиштето немаше струја, а ниту пак се знае кога ќе биде приклучена.

Од најголемата опозициона партија денеска го обвинија директно градоначалникот Бакрачески и го посочија како најодговорен за настанатата ситуација.

Според информациите доставени до нас причина е огромниот долг на училиштето од над 800 илјади денари или повеќе од 13 илјади евра! Ова е последица на неодговорното однесување на Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ. За контрадикторноста да биде поголема, со предвидениот ребаланс на буџетот на општина Охрид Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ ги кратат неопходните средства за комунални и режиски трошоци и тоа за 37% во основните и за 13% во средните училишта. Не само училиштата туку и другите јавни објекти се соочуваат со истиот проблем. Без струја остана и спортската сала Билјанини Извори по втор пат годинава. ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески наместо да ги решаваат проблемите на нас охриѓани тие ни создаваат нови – рече на денешната прес – конференција портпаролот на охридскиот огранок на СДСМ, Александар Кузески.

kuzesk

Градоначалникот Бакрачески ги оцени како неосновани нападите врз него од страна на опозицијата. Тој додаде дека причината за блокирање на сметката на училиштето бил имотно – правен спор од пред 25 години.

Заради имотно – правен спор од 1989 година кога е извршена екпропријација на земјиштето во дворот на ОУ „Григор Прличев“ поведен е судски спор за 420 метри квадратни на име тројца доверители кои што не биле обесштетени и тој спор се одолговлекувал низ правните лавиринти цели 20 години. Врз основа на овој спор, училиштето треба да исплати над 8 милиони денари на доверителите. Во овој момент не се работи за немање средства кои што ние ги добиваме наменски со блок дотациите, меѓутоа блокираната сметка ни оневозможува да се изврши наплата за струјата – рече Бакрачески на денешната прес – конференција.

bakrac

Бакрачески додаде дека преговарале доверителите да го повлечат извршното судско решение со што би се одблокирала сметката на училиштето. Тој додаде дека раководството на училиштето треба да одлучи дали ќе има настава или не во наредните денови доколку училиштето се уште нема струја.

Постарите професори и наставници во Охрид велат дека не паметат во историјата во некое училиште да не се изведува настава заради неплатен долг за напојување со електрична енергија. Покрај наставата, одложени беа и родителските средби кои требаше да се одржат вчера откако училиштето остана без електрична енергија.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски