Отворено писмо од СДММ до Теута Арифи

Од:

Социјалдемократска Mладина на Тетово испрати писмо до градоначалничката на Тетово Теута Арифи:

Почитувана г-ѓо Теута Арифи,

Лошото поведение на поединецот кој добил мандат од граѓаните да ги застапува нивните интереси, да работи согласно нивните барања, да ја има честа да биде највисок функционер во единицата на локалната самоуправа, повлекува јавна критика за лошо владеење. Бидејќи повеќе пати до Вашиот кабинет во затворена форма, а и преку медиумите, јавно Ви упатувавме прекор за Вашето работење, денес го праќаме ова отворено писмо со најостра осуда за Вашето деструктивно и штетно работење, со кое на брутален начин го сегрегирате општеството, навредувајќи поединци и групи и ширејќи самоволие кое нема граници.

Најнапред ќе Ве потсетиме дека сте градоначалник на Општина Тетово, општина која е составен дел од Република Македонија, во која официјален јазик е македонскиот јазик, а во духот на мултиетничноста се штитат и јазиците на другите етникуми кои се застапени демографски со повеќе од 20% од вкупното население. Тетово е град во кој живеат граѓани од различни етникуми, град кој традиционално негува добар мултиетнички соживот и ги лечи раните од минатото. Зошто Ве потсетуваме на сето ова?

Вие и Вашиот кабинет постојано ги игнорирате различните етникуми на тој начин што сета комуникација ја водите на албански јазик. Вашата Фејсбук-страна ја водите исклучиво на албански јазик. Со самото тоа заборавате дека Вие не сте градоначалник само на Албанците во Тетово. Македонците, Турците, Србите, Ромите и сите други го имаат дадено својот глас за вас, но должни сте да се грижите и за тие што го немаат направено тоа. Би сакале да Ве потсетиме дека и ова лето, како и претходното, манифестацијата „Тетовско културно лето“ е во монотон дух. Постерот, изведувачите и сите други активности се на албански, а платени од општинскиот буџет, кој се полни со парите на сите граѓани без разлика на кој етникум припаѓаат. Од каде го црпите правото една културна манифестација да ја направите мизерна, еднострана и подмолна? Зошто не дозволувате „Тетовско културно лето“ да се издигне над меѓуетничките поделби и да биде терен за интеграција на граѓаните? Повикувајќи на осуда на Вашиот начин на работа од сите релевантни институции, централната власт, покровителите на манифестацијата, културните работници, како и секој граѓанин, апелираме ова Ваше самоволие да престане, а Вие како градоначалник јавно да се извините и да се заложите овие грешки никогаш да не се повторат.

Со почит,

Социјалдемократска Mладина на Тетово
– СДММ Тетово

Би можело да ве интересира

Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени